За малку ќе станела Мис - српската пејачка била прва придружничка на Мис Југославија

Снежаната Ѓуришиќ освоила титула прва придружничка на изборот за Мис Југославија кога имала само 17 години, а на изборот се пријавила по убедување на родителите.

Snežana Đurišić

-Со оглед на тоа дека имав само 17 години и дека бев член на „Белградска естрада“, договорот за моето учество на Мис го склучија моите родители и тогашниот директор Рде Мумин. Морам да признаам дека тогаш воопшто не ме интересираше тоа, бидејќи музиката беше моја прва љубов. И покрај тоа, сѐ испадна многу убаво и пријатно, а јас побогата со едно искуство. Она што ќе ми остане во убаво сеќавање е запознавањето и дружењето со останатите учесничи, а особено ласкавата титула на прва придружничка која тогаш ја понесов. Имам две-три фотографии од тоа веме, но нема да ви ги покажам - рекла низ смеа пејачката.

 

 

 

14.11.2017 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа