Вучиќ: Подготвен сум на компромисно решение за Косово

Ако воспоставиме оска на мирот и стабилноста на линијата „север-југ“ меѓу двата најголеми народи на западниот Балкан - Србите и Албанците, за следните 100 години ќе ги решиме 80 проценти од нашите политички проблеми, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ.

- Затоа сум подготвен да учествувам во изнаоѓањето компромисно решение за Косово и Метохија, решение од кое нема да бидат задоволни ни двете страни, бидејќи само такво решение и може да биде компромисно. Денес ние не решаваме за нашето минато, туку за нашата иднина, изјави Вучиќ при гостување на телевизијата Пинк.

Затоа, според него, како исклучително важен го смета внатрешниот српски дијалог за Косово, на кој, како што рече, се повикани најширок круг актери од општествениот и политичкиот живот во Србија.

- Важно е да имаме добри односи со Албанците и да ги уредиме еднаш за секогаш, а не да одржуваме замрзнат конфликт, потенцира српскиот претседател, 

Вучиќ натаму нагласи дека е свесен оти одредени кругови во Србија нема да му простат за каков и да било компромис и дека од тоа може да има лични и политички последици.

- Тука се поставува суштинското прашање дали ќе имаме доиволно храброст себе си да си погледнеме во очи и да кажеме ова е реално, а ова не е и да имаме доволно храброст да кажеме дека не може да се наметне нешто за кое некој мисли дека така мора да биде, а при тоа да не понуди сериозни аргументи. Треба да ги соочиме аргументите и да дојдеме до решение, додаде Вучиќ. 

 

 

 

10.08.2017 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа