Вучиќ: Нема странци да одлучуваат во Србија како во околните земји

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија како држава е мала и дека мора да одржува добро односи со големите сили. Според него, Србија не смее да потклекне пред сите барања и  мора да укажува на двојните аршини, а не смее да потклекне на барањата на странците, како во „некои од околните земји“.

– Доколку други ни одлучуваат, како што имате примери во некои околни земји, кој да биде обвинител, а кој судија, кога тие ќе бидат независни од народот, но зависни од нив, тогаш тоа веќе нема никаква смисла. Ние треба да градиме независни институции, но тие да бидат независни и од западните земји, рече Вучиќ.

Во сабота ќе се знае конечната одлука дали со изборите во Белград во Србија ќе се одржуваат и вонредни парламентарни избори.

 

 

 

12.11.2017 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа