Временска прогноза за празничниот ден - еве што не чека

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне на места и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до три, а дневната до 22 степена.

Продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во покачување.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кога дневната температура благо ќе опадне, но потоа повторно ќе биде во пораст.

 

 

 

11.10.2017 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа