Возачот од незгодата на Тајмс Сквер „слуша гласови“

Мажот кој вчера со автомобил со голема брзина налета на пешаци на Тајмс Сквер, при што едно лице загина, тврди дека „слуша гласови“, соопшти еден полициски претставник.

Полицијата го уапси 26 годишниот Ричард Рохас веднаш по вчерашниот инцидент во кој беа повредени 23 лица.

Според извори од полицијата уапсениот тврди дека „слуша гласови“.

Полицијата претходно соопшти оти не смета дека инцидентот има некаква врска со тероризам.

 

Автомобилот на Рохас запре на две тркала потпрен на улична светилка и челична ограда, поставена да спречи излетување на возилата на тротоар.

 

 

 

19.05.2017 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа