Воз прегази 80 годишна старица во Тетово

Утрово околу 9:30 часот патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје -Кичево во близина на селото Горно Седларце ја прегазил 80 годишната Хајрије С. по што таа починала на лице место. Како што дознава Press24 од полициски извори, жената во моментот кога поминувал возот седела на пругата. Се уште нема информации дали станува збор за обид за самоубиство. Од полицијата ја потврдуваат информацијата а повеќе детали најавуваат откако ќе заврши увидот.