Водителката Марија со еден потег покажа дека се разведува

Веќе неколку месеци во медиумите кружи приказната за разводот на популарната ТВ-водителка Марија Килибарда. Таа не се огласи, но со еден детаљ покажа дека повеќе не е во брак.

Имено пред неколку дена на својот Инстаграм профил таа си го врати девојачкото презиме, со што презимето на нејзиниот сопруг „Радмановиќ„ заминува во историјата, и сега е повторно Килибарда.

Да ве потсетиме дека Килибарда се омажи за некогашниот НБА кошаркар Владимир Радмановиќ во јуни минатата година, но бракот очигледно траеше само една година. Нема конкретни причини зошто оваа двојка ја завршила својата брачна љубов.

 

 

 

 

 

23.09.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа