Водителката која ги освои срцата ширум регионот: Како живее денес жената која помогна на многумина

Тамара Грујиќ со години заедно со својата екипа работи на уредување на домовите ширум Србија.

Водителката на емисијата „Работна акција“ која на многумина им овозможи кров над глава живее како подстанар заедно со својот сопруг.

Гостувајќи во една српска емисија на прашањето дали сѐ уште живеат како подстанари таа одговорила:

-Па, да, што да се прави. Некои од критиките беа „Па што се жали, нека подигне кредит“. Не можеме да подигнеме кредит затоа што јас немам своја фирма и не сум кредитно способна. Но, не сакам да се жалам. Ништо материјално не треба да ни биде мерило. На крајот на краиштата и цел живот да се бид подстанар - па што! -рекла секогаш насмеаната Тамара.

 

 

 

12.02.2018 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа