Во жирито на Ѕвезде Гранда ќе биде и тој - за Шерифовиќ знаете, а ова е останатиот дел од жирито

Наскоро почнува новата сезона на „Ѕвезде Гранда“, па атмосферата полека се загрева и една по друга испливуваат најважните информации.

Веќе е познато дека во жирито ќе се најде Марија Шерифовиќ, а за останатиот дел открива Јелена Карлеуша.

За време на интервју со српскиот портал Курир открила кој ќе се најде во жирито следнат сезона:

-Пред неколку дена имав таен состанок со Саша Поповиќ и Марија Шерифовиќ во врска со шоуто. Не сум сигурна дали смеам да откривам,но ајде ќе кажам. Ќе биде истата екипа. Најважните ќе бидат тука, Марија, Лукас, Бекута, Босанац и јас - откри пејачката.

 

 

 

 

13.09.2017 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа