Во пресрет на јубилејот: Комити и Ноќни Волци во петок на дефиле низ скопските улици

Механизирано Оклопната Бригада на Црвено – Црната Армија, поддржана и рамо до рамо со Специјалната Моторизирана Единица за специјални намени “Ноќни Волци” организираат ДЕФИЛЕ низ скопските улици

 

Се најавуваат јубилеите на Македонската Фудбалска Гордост ФК Вардар како и Бастионот на Македонштината и Авангардата на навивачкото движење на овие простори Комити Запад!
Петок: 17.11.2017г.

СТАРТ – Железничка Станица во Населба Драчево – 18:00ч. 
Попатни станици: Ново Лисиче – Аеродром – Кисела Вода – Центар – Карпош 1, 2, 3, 4

Дефилето е дел од серијата активности кои навивачката група Комити ги организира по повод прославата на јубилејот 30 години од формирањето. 

Покрај дефилето, Комити ќе имаат свои активности и пред и по мечот на РК Вардар со Рајн Некар Левен а кулминацијата е најавена за во недела на мечот против Пелистер на Филип Втори Арена.

 

 

 

14.11.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа