Во Јапонија 18.000 домаќинства останаа без струја - тајфунот „Талим“ предизвика огромни бранови

Илјадници лица останаа без електрична струја по ударот на тајфунот Талим во Јапонија, при што се забележани удари на ветерот со јачина до 252 километри на час.

Властите предупредуваат на можна појава на лизгање на земјиштето и високи бранови.

Компанијата „Окинава електрик пауер“ соопшти дека во градот Мијаку, кој има околу 54.000 жители, повеќе од 18.000 домаќинства останале без електрична енергија.

Јапонската метеоролошка агенција предвидува дека тајфунот ќе го погоди островот Кјушу в недела, а во понеделник, најверојатно, ќе стаса во Токио. 

 

 

 

14.09.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа