ВМРО-ДПМНЕ: Таравари спречи нови лекови да бидат на примарната позитивна листа

ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерот за здравство Арбен Таравари со поништувањето на одлуката за зголемување на доплатата на лековите спречил многу нови лекови (генерики) да се најдат на примарната позитивна листа, како и дека покажува непознавање на областа за референтните  цени  на  лековите  од  позитивната  листа  - за  примарна  и болничка здравствена заштита.

-  Оваа денешна одлука ќе покаже за многу скоро дали одново се враќа на голема врата фармацевтската мафија, која царуваше во време на претходните владеења на СДС. Со оваа своја одлука Таравари спречи многу нови лекови (генерики) да се најдат на примарната позитивна листа, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Таравари искажал невистини дека оваа одлука била чувана во Министерството една година, а вистината е, наведува партијата, дека Управниот одбор на Фондот ја донел на 26 мај 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата наведува и дека утврдувањето  на  референтните  цени  на  лековите  се  врши  според  компаративна методологија на Фондот за цени на лекови, воведена уште во 2010 година.

 

 

 

16.06.2017 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа