ВМРО ДПМНЕ: СЈО е продолжена рака на СДС

 

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДС.

СЈО е продолжена рака на СДС и воопшто не изненадува тоа што Зоран Заев испраќа соопштенија и реакции во име на Катица Јанева.

Работењето на СЈО е целосно непрофесионално, необјективно и пристрасно, па затоа користи иста ПР служба со СДС. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уредно се појавувал на сите судски рочишта во кои што бил уредно и навремено поканет. 

Зоран Заев е рекордер по средби со амбасадори, конзули, портири кои служат единствено како повод за да се избегне појавување пред судовите. Зоран Заев е човекот кој јавно кажа дека не го признава македонското судство. Зоран Заев е политичарот кој е два пати аболициран за финансиски криминал и за дела против државата. Првиот пат беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски за 8 милиони евра кои незаконски ги присвоил во случајот „Глобал“, а вториот пат му беше повлечено обвинението токму од страна на Катица Јанева за случајот „Пуч“.

Затоа лицемерно е Зоран Заев да испраќа партиски соопштенија пред себе си да се погледне во огледало.

 

 

 

 

12.06.2017 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа