ВМРО-ДПМНЕ: Се што СДС ќе урне ВМРО-ДПМНЕ ќе го обнови

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се што СДС ќе сруши, уништи или скрати ќе биде изградено, обновено и вратено во првобитна положба, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДС наместо по градење ќе остане запамета по кочење и уривање.

-Нападот врз спомениците на револуционерот Андон Лазов Јанев-Ќосето, хуманистката Мајка Тереза и Вионот на коњ е удар врз македонската историја и култура и претставува почеток на виткањето на кичмата на нацијата. СДС е 6 месеци на власт и непокажа капацитет за водење на државата и нејзин развој. СДС 6 месеци само уништува и урива. Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се што СДС ќе сруши, уништи или скрати ќе биде изградено, обновено и вратено во првобитна положба, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

13.11.2017 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа