ВМРО- ДПМНЕ: Јавното обвинителство е слуга на власта

Објавување на отворената пред истражна постапка „по допрен глас“ за интервјуто на Вук Јеремиќ е уште еден доказ дека во Македонија нема правен систем и правда која е под еднаква за сите, туку партиско политички прогон нарачан од Заев и неговата хунта, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев пред неколку месеци најави дека функционери од власта се предмет на истрага, но јавноста уште нема информација кој му ги соопштил тие сознанија на Заев, а органите на прогон кријат за кои случаи станува збор. Странски државјанин излезе со јавно обвинување дека в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија го рекетирал „Јадран филм“, но постапка околу овој случај не беше покрената по јавно допрен глас. По јавно допрен глас не беше покрената ниту постапка за бројните сведочења за изборното насилство и сите закани кои беа упатувани кон гласачите. Не беше покрената постапка кога насилници влегуваа со пиштоли или кога отворено се говореше дека криминалци под команда на СДС делат поткуп низ државата. Не беше јавно соопштено ниту дали се отвора пред истражна постапка за криминалот на Заеви со „Цареви кули“ или криминалот поврзан со „Тритерол“, потенцираат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ очекува што е можно побргу Јавното обвинителство да излезе со информација за оваа пред истражна постапка што политички ја отвора и наводите да ги соопшти во јавноста за да може потоа соодветно да се процесуира случајот и против Вук Јеремиќ и против сите медиуми блиски до СДС кои ја злоупотребуваат оваа изјава заради нарушување на честа и угледот.

 

 

 

07.12.2017 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа