Влегол со нож во автобус на ЈСП - расечено младо момче

Во 19 часот и 45 минути на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, во автобус број 56 на Јавното сообраќајно преторијатие  кој сообраќа на линијата кон селото Бојане, бил нарушен Јавниот ред и мир со тепачка помеѓу патници во автобусот.

 

По интервенција на полициски службеници, во полициска станица бил приведен 20-годишниот Р.Р. од селото Арнакија, кај кого бил пронајден нож.

Во тепачката бил повреден 18-годишниот С.Ф. кој имал расекотина на раката. Била повикана Итна медицинска помош, која по укажување на лекарска помош го пуштила лицето на домашно лекување.

Полициска станица Ѓорче Петров презема мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

14.09.2017 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа