Владата ќе ја зајакнува контролата на трошењето на јавните финансии

На предлог на Министерството за финансии Владата денеска ја усвои и информацијата за Програмата на економски реформи 2018 - 2020 година, како и Годишниот извештај за функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола за 2016 година.

Како што соопшти владината прес-служба, во однос на функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола, членовите на Владата констатирале слабости во однос на работата на внатрешните ревизии и контрола на јавните финансии на централно и локално ниво.

Затоа усвоен е заклучок да бидат преземени соодветни и поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошењето на јавните финансии.

 

 

 

 

23.01.2018 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа