Владата го усвои дополнителниот предлог за ребаланс на Буџетот за 2017

Владата на Република Македонија вчера на седница го усвои Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии.

Како што информира владината прес-служба со овој предлог за измени и дополнувања на Буџетот, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници.

Расправата по предложениот ребаланс на Буџетот во собраниската Комисијата за финансирање и буџет заврши вчера, а дополнетиот предлог од Владата треба да биде доставен до Собранието и да се расправа на пленарна седница.

Вкупните расходи со ребалансот на Буџетот се проектирани на 203.312.000 илјади денари, приходите на 184.745.000 илјади денари, а дефицитот 18.567.000 илјади денари.

Целта е да се намалат непродуктивните трошоци и обезбедување простор за реализација на политиките на новата Влада.

Според предлагачот, се крати од ставките за службени патувања, рекламирање, службени патувања и економски презентации, со што се обезбедува простор за буџетирање нови мерки за поддршка на  граѓаните и фирми како што се минималната плата, решение за стечајците, поддршка за малите и средните претпријатија и земјоделците, укинување на радиодифузната такса и слично.

 

 

 

29.07.2017 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа