Владата донесе одлука за непречено задолжително социјално осигурување на индивидуалните земјоделци

Владата на денешната седница  усвои Предлог–законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се предвидува корекција на висината на највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси.

Во соопштението од владината прес-служба стои дека оваа предлог одлука е донесена за да се обезбеди непречено задолжителното социјално осигурување на категоријата „индивидуален земјоделец“, односно на лицата на кои земјоделската дејност им е единствено занимање и кои остваруваат приход по основ на вршење земјоделска дејност.

На предлог на Министерството за здравство на денешната седница на Владата е разгледан и усвоен Предлог–законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, со кој  се предлага промена на категоријата на осигуреници „носител на семејно земјоделско стопанство“ во категорија на осигуреници „индивидуални земјоделци“ со цел нивно непречено внесување во системот на задолжителното социјално осигурување.

На денешната 39-тата седница Владата ја разгледа и ја усвои предлог–одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши  за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација.

 

 

 

17.11.2017 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа