Вистински хит на интернет – Сметката на Меси од вечера во Ибица(ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси се наоѓа на одмор во Ибица, каде со својата фамилија и пријатели максимално ги користи убавините на овој шпански остров.

Покрај Меси, на Ибица се наоѓаат уште неговиот клупски колега Луис Суарез, како и поранешниот играч на Барселона, Сеск Фабрегас, двајцата со своите поубави половини.

За време на вечера во ресторан на Ибица, друштвото направило неверојатна сметка од 37,330 евра, која ја платил Меси. Брзо за тоа на интернет се пофалил келнерот, кој сигурно заработил и добар бакшиш.

 

 

 

18.06.2017 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа