Вистински есенски ден, искористете го бидејќи нема да потрае - еве кога се враќаат горештините

Денеска, под влијание на значително постудена воздушна маса од север, времето ќе биде облачно и свежо, со умерен до засилен северен ветер. Во целата земја ќе има врнежи од дожд, кои на места повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано  врнежите ќе се задржат во југоисточните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и утре претпладне, а во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се покачи за неколку степени и ќе се движи од 19 до 26 степени

 

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. 

 

 

 

16.07.2017 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа