Викендов следи промена на времето

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 32 степена. Како што соопшти УХМР, следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник. 

 

 

 

14.09.2017 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа