ВИДЕО: Вистинско чудо- се роди јаре со едно око

Мештаните од село во Индија биле воодушевени кога се родило јаренце со едно око, па почнале да му се поклонуваат. Некои од нив веруваат дека тоа јаре е свето и носи среќа во домот.

Несреќното животно е жртва од заболување наречено „киклопија“, која настанува кога две хемисфери од мозокот не се раздвојуваат. Јарето повеќе од една недела пркоси на прогнозите на ветеринарите, кои мислеле дека многу брзо ќе почине.

Природата во секој случај лошо си поиграласо малата козичка, која има деформиран нос и само едно уво, додека на челото има само едно големо око без клепка. Тоа сепак, шета наоколу, а станала и мета на туристи.

 

 

 

19.05.2017 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа