Видео: Се роди нова љубов - Филипинскиот претседател му запеа на Доналд Трамп

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, на општо изненадување меѓу присутните на Самитот на АЕСАН во Манила, ја запеа љубовната песна „Ти”, и тоа, како што самиот рече, „по наредба“ на претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Дами и господа, ненајавено запеав во дует со г-ѓа Пилита Коралес, по наредба на врховниот командант на САД, рече Дутерте по „изведбата”.

Еден дел од баладата, преведен од филипински, гласи: „Ти си светло во мојот свет, половина од срцево ти припаѓа тебе”.

Дутерте пееше во дует со локалната поп дива Пилита Коралес.

 

 

 

13.11.2017 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа