Видео: Сава се излеа - Хрватска се бори со полави

Реката Сава го надмина максимумот од 1970 година и ги преплави крајбрежните места. Најкритично е во Јасеновац , каде реката го проби насипот . Како што наведуваат хрватските медиуми , цели села се отсечени , а покрај брегот се поставуваат насипи. Затворен е и патот Сисак – Поповача , кој делумно е под вода.

На вонредната седница на кризниот штаб било констатирано дека повеќе куќи се пред опасност од поплавување , додека премиерот Пленковиќ ги посети населените места меѓу реките Сава и Уна , каде состојбата е најкритична.

На помош на жителите ќе вклучена и војската . Од утре со чамци на жителите на отсечените села ќе им биде поделена вода и храна. 

 

 

 

19.03.2018 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа