ВИДЕО: Револуционерниот соларен кров ќе чини помалку од обичниот

Елон Маск неодамна претстави соларна плочка за која верува дека во иднина ќе ги замени соларните панели на крововите, а во четвртокот изнесе дека неговиот соларен кров дефинитивно ќе биде поефтин од традиционалниот, со тоа што како додатен бонус заштедата е голема и пред да се почне со штедење на електрична енергија.

Неговата компанија Тесла Моторс одобрила превземање на компанијата Солар Сити,а Маск веднаш го пренесе напредокот на своите инжињери кој би можел да биде пресвртница во развојот на соларната енергија.
Ваквата плочка се произведува од стакло и изгледа подеднакво исто како и класичната но притоа произведува струја.

Како што пишува Блумберг, ваквата плочка и натаму ќе биде премиум производ, кога ќе стигне на пазарот и ќе се споредува со најквалитетните кровови.

-Основното прашање е: Дали сакате кров кој изгледа подобро, трае подолго, поефтин е и произведува електрична енергија?, запраша Маск и додаде: Кој би посакал нешто друго?

Традиционалниот кров е кршлив, тежок и гломазен со големи трошоци за транспорт, додека новиот тежи една петтина од класичниот и лесен е за транспорт.

Извор: ЕНаука.мк

 
 
23.11.2016 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа