Видео: Поради овој видео спот пејачката осудена на 2 години затвор

Пејачката Шаима Ахмед од Египет е осудена на две години затвор поради спот кој според Судот во Египет е со недолична содржина. Таа во музичкиот спот се појавува во долен веш и заводливо позира со банана што за тие земји е незамисливо.

Таа е уапсена веднаш штом се појавил нејзиниот спот кој предизвикал бес во оваа земја и бурни реакции од многумина.

Во вторникот е прогласена за виновна поради поттикнување разврат и објавување непристоен филм, а иста казна е изречена и за режисерот на контроверзниот спот.

Пред да биде уапсена, 25-годишната пејачка им се извинила на граѓаните преку Фејсбук.

„Не можев ни да замислам дека ќе се случи ова и дека ќе бидам толку силно нападната“, напишала пејачката.

 

 

 

12.02.2018 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа