Видео од апсењето на напаѓачот кој денеска пукаше и повреди над 20 лица во училиште во Флорида

Објавена е снимката од апсењето на осомничено лице кое денеска пукаше во средно училиште во Флорида и уби едно, а рани од 20 до 50 лица.

На снимката се гледа како полицијата става лисице на рацете на маж во црвена маица. Службено е потврдено дека напаѓачот е во притвор.

Според неслужбените информации, напаѓачот е поранешен ученик на тоа училиште.

До вооружен напад во средното училиште „Стоунмен Даглас“ дошло неколку минути пред крајот на наставата, околу 14:50 часот по локално време.

 

 

 

14.02.2018 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа