Видео: Наврнало 46 сантиметри снег - бурата земала 4 човечки жртви, луѓето преплашени

Ширум централниот дел на САД беснеат сериозни бури, кои онеле силни ветришта, снег, дожд и град, а однеле и 4 човечки животи и предизвикале сообраќајни несреќи.

Како што пренесува АП, на меѓународниот аеродром Сент Пол во Минеаполус во Минесота се откажани сите летови.

tan2018-4-14205928431-830x0

Во саботата претпладнето во бурата загинале две лица, меѓу кои и двегодишно девојче кое спиело во камп куќа врз која паднало големо дрво.

Во Висконсин загинала жена во сообраќајна несреќа откако изгубила контрола над комбето поради лошите услови на патот.

tan2018-4-1419351180-830x0

Возач на камион во Ајдах исто така загина откако изгубил контрла над возилото на пат прекриен со снег во западна Небраска.

Метеоролозите очекуваат ваквите временски услови да останат цела недела во Минесота, Висконсин и Мичиген пред бурата да премине во Њујорк и Нова Англија.

 

 

 

17.04.2018 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа