Видео: Навивачите на Фенербахче со шише погодија голман во глава

Голманот на истанбулскиот Башакшехир, Волкан Бадаџан е повреден кога навивачите го погодиле со шише во глава.

Башакшехир славеше на гостувањето кај Фенербахче, а тој дуел го одбележа инцидентот во кој голманот со голема среќа избегна тешка повреда.

Тој подготвувајќи се да ја уфрли топката во игра, го фрли фудбалот кон аут линијата, по што шише со вода директно го погоди во глава.

Репрезентативниот голман веднаш падна на земја, но, за среќа, помина без сериозни повреди.

Против Фенербахче е покрената истрага и клубот би требало да добие висока казна.

 

 

 

11.09.2017 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа