Видео: И се слошило на жена тешка 480 килограми, па пожарникарите морале да го срушат ѕидот за да ја извадат

Аргентинските пожарникари биле присилени да го сруштат ѕидот од куќата за да изнесат жена тешка 480 килограми, па ја одвеле во болница на лекување, пренесуваат локалните медиуми.

32-годишната Изабел која живее во Росарио, од домот била изнесена на кревет прицврстен за камион.

Изабел пред осум години тежела 130 килограми, но по смртта на нејзиниот татко паднала во депресија.

-Сакам да се лекувам, излечам и да живеам - рекла пред пожарникарите да ја однесат во локалната болница.

 

 

 

17.11.2017 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа