Видео: Хаос во Марибор - хулиганите ја нападнаа полицијата, судијата избегна ракета

Во нередите на улиците во словенскиот град не учествувале навивачите на Спартак, туку оние на Марибор, кои имале помош од хулиганите на Висла. Дивеењето на навивачите продолжило и на стадионот.

Натпреварот во првото коло од Лигата на шампионите меѓу Марибор и Спартак имаше лош вовед.

Хулиганите на Марибор ја нападнаа полицијата еден час пред натпреварот.

Хулиганите на Марибор користеле и бакљи, а полицајците воспоставиле ред дури откако дошло засилување.

Според информациите од навивачките кругови, во нередите на улиците во словенскиот град не учествувале навивачите на Спартак, туку оние на Марибор, кои имале помош од хулиганите на Висла. Дивеењето на навивачите продолжило и на стадионот.

Но на стадионот улогата ја имаа навивачите на Спартак кои распалија ракета кон главниот судија.

 

 

 

14.09.2017 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа