ВИДЕО: Голманот на Сити заврши во болница, Ливерпул декласиран

Манчестер Сити го совлада Ливерпул со 5:0 попладнево на свој терен во дербито на 4.коло од англиската Премиер лига.

Мечот го одбележа и тешката повреда на голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон Мораеш кој при еден судир со гостинскиот фудбалер Мане се здоби со посериозна повреда на главата и на носилки беше изваден од теренот, а потоа транспортиран во болница. Мане дови директен црвен картон за невнимателниот старт.

Овој момент се покажа како пресуден за текот на натпреварот. Ливерпул кој до тој момент и покрај негативата од (0:1) беше подобар противник, во продолжението на мечот го загуби ритамот и не успеа да му пружи посериозен отпор на побројниот противник.

Еден гол за Сити постигна Серхио Агуеро , а по два пати во листата на стрелците се запишаа Габриел Хесус и Лерој Сане.

За Манчестер Сити ова беше прв триумф над Ливерпул во последните шест меѓусебни натпревари во Премиер лигата.

„Црвените од Енфилд“ го запишаа првиот пораз во новата сезона, додека Сити ја забележа третата победа.

 

 

 

09.09.2017 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа