Вчера повредени шест лица во Скопје

 

Шест лица се здобиле со полесни повреди во шест од вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест е причинета материјална штета.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број на прекршоци. Издадени се 27 прекршочни платни налози и 65 мандатни платни налози за сторени прекршоци од областа на сообраќајот.

Полицијата презела казнени мерки кај двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, еден возач поминал на црвено светло на семафор, а шест возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 10 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 60 возила.

 

 

 

15.06.2017 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа