Важна информација за сите оние кои ќе одат на натпреварот Вардар-Зенит

Би сакале да ги информираме дека сите кои поседуваат ваучери кои ги добија при купување на блок билетите за натпреварите од Лигата на Европа, ќе можат со истите да влегуваат на натпреварот со Зенит кој што ќе се игра во четврток (14 септември). Меѓутоа потоа ваучерите ќе мора да ги чуваат и да ги заменат со пластифицирани картички, се вели во соопштението на ФК Вардар.

Дополнително ќе следува информација кога точно ќе се заменуваат ваучерите со електронски картички.

Ваучерите за блок билети за натпреварите од Лигата на Европа се продаваа до недела, а од вчера почна продажбата на единечни билети за мечот со Зенит во четврток.

Исто така од Вардар информираат дека при купување на билети за малолетни лица, ќе треба да се поседува дополнителна идентификација (ученичка или здравствена книшка), или лична карта од родител/старател.

 

 

 

12.09.2017 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа