Вардар со реми се прости од Лигата на Европа

Македонскиот првак Вардар, одигра нерешено (1-1) против Розенборг во последното коло од групната фаза и го освои првиот бод во историјата во ова натпреварување.

 Можеби Вардар имаше сила за нешто повеќе од само еден бод во овој последен дуел. Одлично го почна натпреварот и во деветтата минута го отвори резултатот преку Итало. Муслиу испрати една длабинска топка, Николов спушти до Итало, а Бразилецот рутинирано ја испрати во мрежата.

 

Во второто полувреме изостана динамиката. Немаше многу шанси, Вардар беќе поактивен, но се задоволи со бодот кој станува историски за македонскиот фудбал.

 

 

 

07.12.2017 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа