Вардар го украде бисерот на Шкендија: Бесир Демири нов фудбалер на шампионот

Младинскиот репрезентативец на Македонија Бесир Демири е нов член на Вардар.

22-годишниот фудбалер до сега има настапувано за екипата на Шкендија, а во минатото го носеше и дресот на Шкупи, тој со клубот потпиша договор и ќе биде дел од Вардар следните три години.

-Задоволството е големо што станав дел од Вардар. Ова за мене е голем предизвик. Се надевам дека ќе ги исполниме амбициите на раководството на екипата. Амбициите и целите ми се познати, а тие тие се двојна круна оваа сезона, изјави Демири.

Демири игра на позицијата лев бек, а може да игра и како последен играч за врска во средниот ред, а има настапувано и како лево крило.

Тој беше стандарден член на младинската селекција на Македонија која што во октомври обезбеди учество на Европското првенство во Полска 2017 година.

 
 
24.12.2016 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа