Уживавме во дождот и разладувањето - уште утре пријатно време, а потоа следува пекол

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Oблачно и свежо, со врнежи од дожд, кои на места  беа обилни. Во југозападниот дел од земјата имаше појава на нестабилна облачност со пороен  дожд и грмежи. Дуваше умерен, на места повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури опаднаа и насекаде беа пониски од утринските

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Во вечерните часови ќе се задржи облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои на места  повремено ќе бидат поројни и пообилни, особено во југоисточните и источните делови,каде ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и свежо, претпладне во јужните делови се уште ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.  Т-мин. од 10 до 18 а т-макс. од  19 до 26 степени. УВ=6

Во Скопје променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаб дожд. Т-ра 14 / 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

 

 

 

 

16.07.2017 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа