Утрово гореше ресторан во Скопје

Утрово околу 02 часот и 15 минути во ресторан на улица „Павел Шатев“ во Скопје, сопственост на Г.И. од Скопје,  од засега непознати причини настанал пожар, при што опожарен бил компјутер, фискална каса, шанк, фрижидер и други предмети.

Пожарот е локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

 

Повредени лица нема.

 

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.   

 

 

 

18.06.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа