Уште една несреќа во Русија: Двајца загинати при пад на хеликоптер

Две лица загинаа, а уште две други се повредени денеска при уривање на хеликоптер од типот Ми-8 во рускиот регион Томск, соопшптија локланите власти.

Во соопштението се посочува дека „при удар на хелипотерот во земјата“ загинале двајцата пилоти на леталото.

– Според познатите податоци, загинале двајца членови на екипажот, а уште две лица се повредени, се додава во соопштението на локалните власти на Томск.

Според непотврдени информации, хеликоптерот, во кој се наоѓале шестмина медицински работници и пациенти, се запалил, по што се урнал при обидот за принудно слетување.

 

 

 

12.02.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа