Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Денеска на пладне во 12:06 часот е регистриран земјотрес на територија на Македонија.

Земјотресот е со интензитет од 2.1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на земјотресот бил во Леуново, кај Маврово на длабочина од 3 километри.

Земјотрес вчера бешe почувствуван во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево. 

 

Станува збор за потрес со јачина од 2,8 степени, кој беше регистриран во 1 часот и 20 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, односно на 65 километри југозападно од Скопje. Земјотресот бешее почувствуван во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Завчера земјотрес  од 2.1 степен беше почувствуван во Битола.  Епицентарот беше на 18 километри од градот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега