УЈП ја објави листата со најголемите должници во Македонија

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 30 септември и неплатени до 31 декември минатата година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се објавени 2.370 должници  правни лица (повеќе за 13 од претходната листа) и 1.594 физички лица (помалку за 324 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10,767,568,528 денари, помалку за 198,500,347 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,738,756,623 денари (помалку за 182,126,222 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28,811,905 денари (помалку за 16,374,125 денари од претходната листа).

 

 

 

11.01.2018 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа