УХМР со временска за цела недела: Кога ќе имаме потопли денови?

 

 

И утре изутрина ќе биде многу студено,во поголем дел од земјава со температури под -15 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури. Позначителен пораст на температурата ќе има во петок, кога ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни.

 Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота, кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

 Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата. 

 
 
11.01.2017 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа