УХМР со соопштените до граѓаните: Следува посвежо време проследено со врнежи

Во Македонија, ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне ќе има услови за локален дожд со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец.

Минималните дневни температури ќе се движат од 3 до 12 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и ќе се движи во интервалот од 18 до 31 степен.

В среда ке има услови за краткотраен локален дожд. Потоа, во наредните денови ќе преовладува стабилно време, и малку посвежо, но и понатаму дневната температура ќе има тенденција во постепен пораст. 

 

 

 

12.09.2017 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа