УХМР: Снегот доаѓа пред крајот на неделата

Во Македонија од утре до петок се очекуваат обилни врнежи од дожд кои најинтензивни ќе бидат во јужните и западните делови каде локално може да наврнат и до 70 литри на метар квадратен. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи.

Според УХРМ, најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови.

Во четврток и петок на повисоките планини ќе има и врнежи од снег. Веќе во сабота ќе има слаб локален дожд, а во недела опаѓање на температурата.

Влажниот бран, кој ќе ја зафати Македонија, е последица од циклонската активност над јужна Италија.

 

 

 

 

 

14.11.2017 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа