УХМР: Следува нов температурен шок

Променливо облачно со сончеви периоди, повеќе облачност ќе има претпладне во западните делови. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец. Попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат.

 

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. УВ=7

Следува период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.

 

 

 

19.06.2017 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа