Убиство во Македонија - синот го нашол својот татко во локва крв

Вчера вечерта во дворот на семејната куќа на ул. „Кузман Јосифовски Питу“  во Кичево, поточно пред влезната врата, пронајден е починат 81-годишниот С.П.Г.. Починатиот бил пронајден од неговиот син М.П.Г. и бил во лежечка положба со лицето свртено кон земјата. Истиот бил со повреда во пределот на лицето и со траги од истечена крв. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа на Полициската станица во Кичево. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во капела во Медицински центар Кичево за обдукција. 

 

 

 

18.06.2017 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа