Убиство во Демир Хисар - го застрелал пријателот со ловечка пушка

Со ловечка пушка го застрелал преијателот. Попладнево околу 16 часот во селото Слпче, Демир Хисар, Аце З. по претходна расправија со ловечка пушка испукал еден патрон кон својот пријател од истото село, Гоге С. при што го погодил во градниот кош, дознава Press24 од полициски извори. Гоге со тешки телесни повреди веднаш бил префрлен во Здравствениот дом во Демир Хисар но подоцна им подлегнал на повредите. Сторителот Аце З. веднаш е приведен во локалната полицска станица а неговата ловна пушка е земена за вештачење. Од полицијата ја потврдуваат ова информација и велат дека увидот се уште е во тек