Тутунска банка доби над два милиони евра за најголемиот грабеж во Македонија

Тутунска банка успеала да поврати 80 проценти од трите милиони евра кои и беа украдени во грабежот кој се случи минатата година, а е најголемиот во историјата на Македонија.

Во декември минатата година банката склучила спогодба со осигурителна компанија за надомест на 80 проценти од штетата.

-Другиот дел од штетата во износ од над 35 милиони денари банката го евидентираше како трошок во билансот на успехот заклучно со 31.12.2017 година на позицијата останати расходи од дејноста, соопштија од банката.

Грабежот беше извршен лани во април, од страна на вработен.

 

 

 

10.02.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа