Трик со кој секој може да се логира на вашиот Фејсбук профил

Ако сте ја заборавиле лозинката, системот на „Фејсбук“ ви овозможува да се вратите на вашата сметка со вашиот телефонски број, на кој „Фејсбук“ праќа уникатен код со кој може да добиете пристап до профилот.

За жал – ако хакер одлучи да го купи вашиот стар број, може да го искористи ова за да влезе во вашиот профил. Секако, ова важи ако стариот број сѐ уште е поврзан со вашата сметка.

Џејмс Мартиндел пишува во „Медиум“: „Додека Фејсбук често ве потсетува да го поврзете телефонот со профилот, не ве потсетува да ги ажурирате вашите податоци“.

Тој самиот пробал и успешно хакнал профили на други луѓе. Купувал нов телефонски број и кога ја ставал картичката во телефонот, добивал порака од „Фејсбук“ иако не го регистрирал телефонскиот број на неговата сметка.

Тој напишал:

„Бев љубопитен. Знаев дека Фејсбук стандардно им овозможува на луѓето да ја најдат вашата сметка со вашиот телефонскиот број, па го напишав телефонскиот број во просторот за пребарување и видете што се случи“.

Тој напишал случајна лозинка за да може да пристапи до опцијата за враќање на лозинката. Тогаш било лесно да добие код испратен на телефонот, па можел да се најави повторно.

Тој објаснува како овој метод би можел да се искористи во измамите поврзани со многу пари, вклучувајќи продавање сметки на црниот пазар.

Затоа, размислете дали треба да го поврзете телефонот со фејсбук-сметката.

 

 

 

20.07.2017 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа